дома Македонија Општество Скопје би можел да остане два и пол месеци без летови за...

Скопје би можел да остане два и пол месеци без летови за Брисел

 

Аеродромот „Брисел Југ – Шарлероа“, од кој летаат авионите на релација Скопје-Брисел и обратно, ќе ги прекине сите летови во втората половина на 2028 година за да се овозможи голема реконструкција на неговат единствена писта и други надградби на инфраструктурата. Се очекува вториот најпрометен аеродром во Белгија да го запре воздушниот сообраќај за период од 11 недели, од 15 август до 31 октомври 2028 година.

„Целосно реновирање на единствената писта на аеродромот Шарлероа, заедно со други големи работи за модернизација на инфраструктурата, е закажано од [компанијата за аеродромска инфраструктура] СОВАЕР за втората половина на 2028 година. За да се минимизира вкупното времетраење на прекинот, различните градежни проекти ќе се спроведуваат истовремено“, соопшти аеродромот, истакнувајќи дека „ова ќе бара привремено прекинување на воздушниот сообраќај за време на работите“.

Аеродромот инфромира дека ќе соработува тесно со сите вклучени страни „за да ги испланира овие проекти, да ги идентификува оперативните ограничувања и да управува со нивните влијанија“.

Според најновите бројки од белгискиот завод за статистика „Статбел“, 11,2 милиони патници полетле или слетале на аеродромот „Шарлероа“ во 2025 година, што значи дека затворањето во траење од 11 недели би можело да влијае на повеќе од два милиони патници.

Реконструкцијата ќе чини околу 50 милиони евра. „Овие инвестиции се наменети за обезбедување долгорочна безбедност, оперативни перформанси и привлечност на аеродромот“, соопшти аеродромот.

Сместен околу 70 километри јужно од Брисел, аеродромот „Шарлероа“ првенствено го опслужува „Рајанер“, по што следуваат унгарскиот нискобуџетен превозник „Виз Ер“, кој има линија до Скопје и одбратно, и турскиот „Пегасус Ерлајнс“.

Бројот на патници на „Шарлероа“ е повеќе од двојно зголемен од 2010 година, но „Рајанер“ минатата недела објави дека ќе дислоцира пет авиони од својата база во Шарлероа и ќе укинеа два милиони седишта од следната зима како одговор на зголемувањето на давачката за билет од 5 на 7 евра. Првичниот предлог на белгиската Влада беше давачката да се зголеми на 10 евра, но го промени планот по притисокот од авиоиндустријата. Сепак, помалото зголемување не беше доволно за да го убеди „Рајанер“ да не го намалува својот капацитет од „Шарлероа“.

ПредходнаТри нови случаи на западно-нилска треска, пациентите хоспитализирани
СледнаСпасени две девојки во Охридско Езеро, ветрот ги однел далеку од брегот