дома Свет Трагедија во рудник во Кина, 90 рудари загинаа, се трага по преживеани

Трагедија во рудник во Кина, 90 рудари загинаа, се трага по преживеани

Најмалку 90 рудари загинаа во експлозија на гас во рудник во градот Чангжу во провинцијата Шанси во северна Кина, а девет рудари се водат за исчезнати, соопштија локалните власти и државните кинески медиуми.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата во рудникот во кој во текот на несреќата се наоѓале 247 рудари од кои 201 се спасени.

Кинеската новинаска агенција Синхуа пренесува дека одговорните лица на компанијата која управува со рудникот се приведени.

Кинескиот претседател Си Џипинг нареди итна акција на спасување, темелна истрага за причините за несреќата и утврдување на одговорност за несреќата во склад со законот.

 

ПредходнаЕУ и Мексико потпишаа нов трговски договор за намалување на царинитеМексико и Европската Унија потпишаа ревидиран трговски договор кој предвидува намалување на заемните царински тарифи, со цел двете страни да ги диверзифицираат своите економии и да ги заобиколат агресивните протекционистички мерки на американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат светските новински агенции. Преговорите за обновување на претходниот договор започнаа уште во мај 2016 година, но начелниот договор за трговските аспекти постигнат во 2018 година никогаш не беше ратификуван. Потпишувањето на новиот договор се одржа на официјална церемонија во мексиканскиот главен град, во присуство на мексиканската претседателка Клаудија Шинбаум и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамките на Осмиот самит Мексико – ЕУ. ссм/ фото: ЕПА
СледнаКостадинов за оставката на Земон: На СДСМ очајно му треба внатрешна консолидација