Најмалку 90 рудари загинаа во експлозија на гас во рудник во градот Чангжу во провинцијата Шанси во северна Кина, а девет рудари се водат за исчезнати, соопштија локалните власти и државните кинески медиуми.
Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата во рудникот во кој во текот на несреќата се наоѓале 247 рудари од кои 201 се спасени.
Кинеската новинаска агенција Синхуа пренесува дека одговорните лица на компанијата која управува со рудникот се приведени.
Кинескиот претседател Си Џипинг нареди итна акција на спасување, темелна истрага за причините за несреќата и утврдување на одговорност за несреќата во склад со законот.




