Преговорите меѓу САД и Иран за можен договор влегуваат во деликатна финална фаза, но двете страни предупредуваат дека клучните прашања сè уште не се решени.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека разговорите биле „конструктивни“, но нагласи дека „двете страни треба да одвојат време и да го сторат тоа како што треба“.
Ирански медиуми: Постојат отворени прашања за клучните делови од договорот со Америка
Во исто време, американскиот државен секретар Марко Рубио тврди дека е постигнат „значаен напредок“, додека Техеран предупредува дека приближувањето на ставовите не значи конечен договор.
Иран продолжува да инсистира на своите „црвени линии“, а Вашингтон повторува дека Техеран не смее да има нуклеарно оружје.
Трамп ги повика арапските земји да се приклучат на Абрахамовите спогодби




