По нови поскапи цени од полноќ ќе се точат бензините. Дизелот останува со иста цена. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека за половина денар се зголемуваат Еурсупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство.
Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот за 0,33 денари со што од полноќ тој ќе се точи по цена од 51, 14 денари за килограм.
Согласно новата одлука на РКЕ, новата цена на Еуросупер бс-95 ќе изнесува 87,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 89,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство за 94,00 ден/лит.
Со новата одлука на РКЕ, цените на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,46 проценти во однос на минатонеделните цени.



