дома Македонија Политика НЕ за надворешна ревизија на обвинението за ,,Пулс”. Савески за кочанската трагедија

НЕ за надворешна ревизија на обвинението за ,,Пулс”. Савески за кочанската трагедија

 

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, во интервју за неделникот ,,Фокус” зборува и за кочанската трагедија во која загинаа 63 деца, а над 200 беа повредени.

ФОКУС: Одбраната во случајот за трагедијата во Кочани бараше ревизија на обвинението, на што им одговоривте дека тоа би можело да се случи по завршување на доказната постапка. Дали и вие се согласувате со постоечката правна квалификација, односно дека постои верижна одговорност и на сите обвинети треба да им се суди за „Предизвикување на општа опасност“?

САВЕСКИ: Сè додека не дојдов на позицијата на која сум денес, од надвор и без никаков увид во доказите, и јас како и поголемиот дел од јавноста се прашував дали оваа правна квалификација може да опстои кон толку широк круг осомничени. Станува збор за најтешката трагедија што ја задесила оваа наша држава и за која како институции им должиме одговори и правда, пред сè, на жртвите и нивните семејства. Затоа уште веднаш кога ја презедов функцијата се сретнав со јавните обвинители, кои постапуваат во предметот за пожарот во „Пулс“. Разговаравме за доказите и за тоа што тие го утврдуваат со обвинението.

Судската постапка е контрадикторна. По изведување на сите докази ќе се добие јасна фактичка состојба и тогаш ќе може да се процени дали е соодветна правната квалификација за делата кои им се ставаат на товар на обвинетите. Таму свои докази изнесува и одбраната. Откако ќе се анализираат сите докази, на крајот на постапката, обвинителите имаат право и да го прецизираат обвинението, да сменат правна квалификација, што не значи и дека задолжително ќе се случи. Тоа е можно само ако произлезе од доказите. Таков беше и мојот одговор и до адвокатите. Некаква надворешна ревизија на обвинението не е можна, вели обвинителот Савески.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Предходна„Имам докази кои вие не ги знаете“: Тошковски најавува „шок“ во предметот „Мазут“
СледнаСончево и топло, попладне изолирана појава на дожд и грмежи