дома Македонија Интерпелацијата за министерот Трипуновски на 10 јуни на пленарна седница

Интерпелацијата за министерот Трипуновски на 10 јуни на пленарна седница

Интерпелацијата за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски ќе се најде на собраниска седница на 10 јуни, изјави денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши.

За интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски што денеска ја поднесе Левица, Гаши рече дека ќе биде процесуирана согласно роковите, а истото ќе важи и за интерпелацијата за него што ја најави СДСМ.

Гаши тврди дека не го прекршил Деловникот за работа и своите надлежности со назначувањето на Бојан Стојаноски за претседавач на Комисијата за финансирање и буџет.

Свикувањето на седницата на која се расправаше за заемот од 260 милиони евра и нанзчаувањето на Бојан Стојаноски за претседавач беше причина СДСМ да најави интерпелација за Гаши.

 

ПредходнаЦентар и Карпош неколку часа без струја, исклучени и семафорите и камерите од Безбеден град
СледнаСе затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”