Поради дефект на 10-киловолтен извор без струја неколку часа останаа делови од Центар и Карпош. Телевизија Телма јави дека дел од потрошувачите се префрлени на друга линија за напојување, а останатите ќе добијат струја по санација на проблемот.
Поради настанатиот проблем, не работеле ниту камерите на системот „Безбеден град“, а надвор од функција биле и семафорите во овој дел од Скопје.




