
Слика од екранот: X
Дронот ја погодил зградата околу 2 часот наутро, по што избувнал пожар на нејзиниот десетти кат, објавија романските медиуми.
Полицијата и пожарникарите пристигнале на местото на настанот и нивната интервенција е во тек, додаваат романските медиуми.
#BREAKING 🇷🇺🇺🇦 × 🇷🇴 A drone crashed into an apartment building in the city of Galati, Romania.
The city sits right on the border with Ukraine, only 10km from the Ukrainian town of Reni, which has been targeted repeatedly by Russian drones. pic.twitter.com/EwhhKT4GwJ
— Heyman_101 (@SU_57R) May 29, 2026
За време на нападот врз украинското пристаниште
Галаци се наоѓа на границата со Украина, во крајниот југоисток на Романија. Веднаш од другата страна на границата се наоѓа Измаил, најголемото украинско пристаниште на Дунав и честа цел на руски напади.
Приближно во исто време кога дронот се урна во станбена зграда во Галаци, украинските власти објавија дека областа на пристаништето Измаил е под руски напад со беспилотни летала.
Руските беспилотни летала го нарушиле романскиот воздушен простор 28 пати откако Москва почна да ги напаѓа украинските пристаништа преку Дунав, соопшти во вторник романското Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.
Во септември 2025 година, Романија ги осуди „неодговорните постапки“ на Москва откако тврдеше дека руски дрон го нарушил романскиот воздушен простор за време на нападот врз соседна Украина, што го натера Букурешт да испрати борбени авиони.
Романија е членка на НАТО и на Европската Унија.




