Грчката крајбрежна стража денес спаси група од 25 мигранти на отворено море.
Мигрантите беа пронајдени на брод 51 километар јужно од островот Гавдос кај Крит, објавува „Прототема“.

По спасувањето, крајбрежната стража ги префрли мигрантите во пристаништето Палеохора.
Според извештаите, операцијата на крајбрежната стража беше успешно спроведена благодарение на поволните временски услови.
Во истата област, минатиот четврток, најмалку 202 лица беа спасени во морето јужно од Крит и Гавдос во заедничка операција на грчката крајбрежна стража и Европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фонтекс.




