дома Македонија Условна казна за обезбедувачот на Мицкоски кој ја тепаше сопругата

Условна казна за обезбедувачот на Мицкоски кој ја тепаше сопругата

Членот од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски кој ја тепаше сопругата доби условна казна. Тој на денешното рочиште признал вина.
– На денешното рочиште обвинетиот призна вина и судот му определи условна осуда – казна затвор во траење од 1.6 години доколку во наредните 3 години стори друго кривично дело, соопшти Кривичниот суд.
Обезбедувачот беше дел од претходницата на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, а тој самиот изјави дека жената била ќерка на негов колега од факултет.
– Тој е втор случај за лице од моето обезбедување каде што законот важи за сите, за разлика од минатото кога членови на обезбедувањето на претседателот тепаа граѓани, се изживуваа по дискотеки и минуваа неказнети. Недициплина јас не толерирам, не само во рамки на моето обезбедување. Инаку за волја на вистината, тој е припадник на претходницата која не ја гледам јас така често, а сопругата е ќерка на мој колега од факултет, изјави Мицкоски на 5 мај.

ПредходнаВладата најави, РКЕ потврди – поевтин дизел од полноќ
СледнаВицепремиерот Фетаи поднесе оставка