дома Македонија Ден на згрижувачките семејства – секое дете треба да расте во безбедна...

Ден на згрижувачките семејства – секое дете треба да расте во безбедна семејна средина

Пораки за важноста секое дете да расте во безбедна и поддржувачка семејна средина, исполнета со љубов, внимание и сигурност ќе бидат испратени денеска по повод Денот на згрижувачки семејства.

Настанот го организираат Детскиот дом „11 Октомври“ заедно со Град Скопје и Црвениот крст.

Целта е да им се оддаде признание на згрижувачките семејства за нивната хуманост, посветеност и грижа кон децата, како и да се подигне јавната свест за значењето на згрижувањето и потребата од нови згрижувачки семејства.

Настанот ќе се одржи во Зоолошка градина Скопје, а најавено е присуство на сопругата на премиерот Рози Мицкоска, заменик министерот за труд Ѓоко Велковски, скопскиот градоначалник Орце Ѓоргиевски, градоначалници на општините претставници на институции, соработници, донатори и згрижувачки семејства.

 

ПредходнаЗеленски во интервју: Имаме докази дека Русија создава војници од киднапирани деца
СледнаВо првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности