дома Свет Багеи: ЕУ е лицемерна кога го обвинува Иран за неговото право на...

Багеи: ЕУ е лицемерна кога го обвинува Иран за неговото право на самоодбрана од агресијата на САД

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес ја оцени како лицемерна и неодговорна изјавата на Европската Унија во која се обвинува Иран за остварување на своето право на самоодбрана од агресијата на САД лансирана од бази во соседните земји.


Како што рече, тоа е „школски пример за селективен морален бес“.
„ЕУ мора да остане верна на владеењето на правото и принципите на Повелбата на ОН, за кои долго време тврди дека ги почитува. Мора да престане да ги смирува агресорите и да ги обвинува оние што реагираат на нелегалните напади“, рече Багеи во објава на социјалната мрежа X.
Тој нагласи дека иранските напади врз овие бази и средствата што се користат за започнување нелегални напади врз Иран претставуваат легитимна самоодбрана.
„Државите имаат утврдена законска обврска да не дозволат нивната територија или средства да се користат за инвазија на други земји“, заклучи Багеи.
Европската Унија во петокот издаде соопштение во кое „остро го осудува нападот на Иран врз Кувајт, кој го наруши неговиот суверенитет според меѓународното право“ и изразува целосна солидарност со Владата и народот на Кувајт.

„Ваквите напади претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност и стабилност“, се вели во соопштението на ЕУ.
Кувајските власти го обвинија Иран за ракетни и беспилотни напади врз нејзина територија еден ден претходно, опишувајќи ги како „опасна ескалација“ и додавајќи дека ваквите дејствија ги поткопуваат напорите за стабилизација на регионот.

ПредходнаСтогодишнина од раѓањето на филмската икона Мерилин Монро
СледнаПораснаа цените на нафтата утрово. Барелот надмина 93 долари