дома Локално Јакимовски: Базенот во Карпош е готов речиси пред година ипол, се ќитат...

Јакимовски: Базенот во Карпош е готов речиси пред година ипол, се ќитат со туѓи перја

Поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски тврди дека базенот што денеска беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски, е готов пред година ипол.
Во објава на Фејсбук, Јакимовски вели дека актуелната власт се ќити со туѓи перја.
– Добро е што овде отвара базен, оти се утепаа правејќи пресови кај неговите градоначлници и кога ќе сменат 3-4 врати од некое училиште или градинка. Но, проблемот не е во тоа, туку во лицемерието и фолиранството. Се прашувате зошто? Затоа што овој базен е речиси години и половина готов, но не го пуштаа во употреба најпрвин поради мене додека јас бев градоначалник, а изминативе 7 месеци да се подзаборави и да се мисли еве тие за волку кратко време направиле базен. Велам повеќе од година и половина е готов зошто одбиваа да се сретнат со изведувачот и да им го предаде во употреба за да барем сликањето во нивните глави има смисла, вели Јакимовски во објава на Фејсбук.
ПредходнаВладата го усвои предлог-законот за заштита од пушење
СледнаВо ИЈЗ недостига набавена опрема, за прослава на 100-годишнината од Институтот потрошени 50.000 евра