дома Македонија Пендаровски: Ова е последниот отворен прозорец за влез во ЕУ

Пендаровски: Ова е последниот отворен прозорец за влез во ЕУ

Ова е последниот отворен прозорец за земјава за влез во Европската унија. Ако ние сега ја пропуштиме оваа исклучителна шанса, тоа нема да трае сигурно повеќе од година, година и пол максимум, се плашам дека ќе останеме во групата на Босна и Херцеговина и Косово, смета поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски.

Пендаровски во интервју за „360 степени“ емитувано на МРТ 1 вели дека ова е итно од геостратешки аспект.

– Јас се плашам дека ова е последниот прозорец на можности отворен исклучиво поради руската инвазија во Украина која Европа, барем кај големите играчи, воопшто размислува да го затвора процесот. Тие го нарекуваат финалите (finalité) на европското обединување. Мислам дека после ова, дај Боже денеска да заврши војната, ако нема војна таму дека никој нема да гледа кон Западен Балкан, изјави Пендаровски.

Според поранешниот шеф на државата, тврдењата дека Бугарија повторно ќе се обиде да не блокира на патот кон ЕУ се неточни бидејќи во Преговарачката рамка нема ништо што може да личи на вграден механизам или скриена дамка.

– И тогаш го кажував и сега го повторувам истиот став – не погрешивме затоа што Францускиот предлог, практично европската преговарачка рамка на крајот, беше без каква било опасност за македонскиот идентитет, што беше клучната одредница во која тргнува секоја влада, секој претседател, секоја држава која се обидува да се приклучи во тоа големо европско семејство, нагласува Пендаровски.

Вели дека владејачката коалиција и владејачката партија се заплеткале во сопствената предизборна реторика и сега не знаат како да се отплеткаат од тој процес.

Пендаровски вели дека не само Бугарија, туку која било земја членка може да постави дополнителни услови во преговорите оти тоа е процес кој трае со години.

ПредходнаПроменливо време со услови за нестабилност попладне
СледнаОбвинителството ќе ја јакне комуникацијата со јавноста за предметите од висок јавен интерес