дома Македонија Обвинителството ќе ја јакне комуникацијата со јавноста за предметите од висок јавен...

Обвинителството ќе ја јакне комуникацијата со јавноста за предметите од висок јавен интерес

Јавното обвинителство денеска на меѓународна конференција ќе ја презентира новата комуникациска стратегија со јавноста за периодот до 2028 година.

– Стратешкото планирање на комуникацијата е еден од основните изрази на посветеноста на Јавното обвинителство за дополнително зголемување на довербата на јавноста во јавнообвинителската работа, велат од Републичкото јавно обвинителство.

Конференцијата насловена „Од стратегија до пракса: Јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“ на едно место ќе ги собере претставниците на Јавното обвинителство, медиумите, како и меѓународни и национални експерти кои ќе дискутираат за важноста на стратешкиот пристап кон транспарентноста на Јавното обвинителство и комуникацијата со јавноста за предметите од висок јавен интерес.

ПредходнаПендаровски: Ова е последниот отворен прозорец за влез во ЕУ
СледнаАнтонио Кошта попладнево на средба со Мицкоски, власта и опозицијата со различни очекувања