дома Локално Променливо време со услови за нестабилност попладне

Променливо време со услови за нестабилност попладне

Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат синоптичарите за денес. Попладне наместа ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, кој повремено ќе дува со брзина од 60 километри на час.

Дневните температури ќе се движат до 32 степени.

Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температури ќе достигне до 30 степени.

До крајот на неделата слично време со нестабилност во попладневните часови. Пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за град се најавуваат во четврток и во сабота.

ПредходнаВицепремиерот Фетаи поднесе оставка
СледнаПендаровски: Ова е последниот отворен прозорец за влез во ЕУ