Поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски тврди дека базенот што денеска беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски, е готов пред година ипол.

Во објава на Фејсбук, Јакимовски вели дека актуелната власт се ќити со туѓи перја.
– Добро е што овде отвара базен, оти се утепаа правејќи пресови кај неговите градоначлници и кога ќе сменат 3-4 врати од некое училиште или градинка. Но, проблемот не е во тоа, туку во лицемерието и фолиранството. Се прашувате зошто? Затоа што овој базен е речиси години и половина готов, но не го пуштаа во употреба најпрвин поради мене додека јас бев градоначалник, а изминативе 7 месеци да се подзаборави и да се мисли еве тие за волку кратко време направиле базен. Велам повеќе од година и половина е готов зошто одбиваа да се сретнат со изведувачот и да им го предаде во употреба за да барем сликањето во нивните глави има смисла, вели Јакимовски во објава на Фејсбук.




