Вчерашната нова посета сепак е со со стара порака. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта,една година по неговата претходна посета на Македонија, го повтори тоа што и лани и го порача на земјава – без уставни измени нема продолжување на пристапниот процес.
Кошта одговараше на неколку прашања на новинарите и за тоа дали е прифатливо барањето на Македонија да и се дадат гаранции во форма на заклучоци од Европскиот совет дека нема да има нови билатерални прашања во процесот на пристапување, но секако рече дека не го разбира добропрашањето , ама ја повтори пораката од лани дека – тоа што е договорено е договорено и мора да се испорача.
И подвлече сепак , и само тоа , договоренот од 2022 и ништо повеќе.
„Дали Европскиот совет може да донесе заклучоци во коишто ќе каже дека Северна Македонија испорачала и она што Северна Македонија се согласила да испорача во 2022 година и тогаш може формално да ги отвориме преговорите – посакувам што е можно порано Европскиот совет да има услови да донесе вакви заклучоци. Но за ова зависи од Северна Македонија да го направи тоа што го договорила во 2022 година“, рече Koшта.
Тој меѓу другото порача и дека единствениот пат да се постигне напредок кон европската интеграција е преку конструктивен дијалог со соседите, што ќе рече ништо ново.
Што се разговарало зад затворени врати ќе насетиме сепак по динамиката на настаните и пораките од македонските власти.
Но, Уставните измени остануваат единствениот и непроменлив пат за Македонија за официјален почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Ова е клучната порака од посетата на Скопје на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. По средбата со државниот врв, високиот европски претставник децидно стави до знаење дека Брисел нема намера да ги менува преговарачките рамки ниту пак да нуди нови дополнителни гаранции, нагласувајќи дека обврските кои државата веќе ги презела мора целосно да се исполнат.




