дома Магазин Ричард Гир го нарече Доналд Трамп „манијак“ кој уништува „сè што е...

Ричард Гир го нарече Доналд Трамп „манијак“ кој уништува „сè што е добро“

„Живееме низ најтемниот момент што некогаш сум го видел на оваа планета“, додаде тој.

За време на јавна дискусија во Осло, американскиот актер Ричард Гир изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е „манијак кој уништува сè добро“.

„Живееме низ најтемниот момент што некогаш сум го видел на оваа планета. Кој би помислил дека Америка може да доживее таков пресврт? Кој би помислил дека таков манијак може да стане претседател на Соединетите Американски Држави?“, рече и 76-годишниот американски актер. 

„Од првиот ден, овој човек уништи речиси сè добро што постоеше во американската влада и американското општество… Како беше ова воопшто можно? Затоа што заспавме. Не ни беше гајле. Не гласавме. Не слушавме доволно внимателно“, додаде Гир, признавајќи дека самиот не успеал да мобилизира доволно луѓе околу себе.

Откако сподели дека неодамна го посетил поранешниот нацистички концентрационен логор Дахау, Гир предупреди на опасностите од јавната апатија. „Треба да ги препознаеме предупредувачките знаци, оваа монструозна диктатура и колку брзо се воспоставува. Треба да останеме будни“, рече тој. 

Во февруари 2025 година, ѕвездата на филмовите „Убавица“ и „Американски жиголо“ го нарече Доналд Трамп „насилник“. Долгогодишен бранител на каузата на Тибет и конвертит во будизмот, Ричард Гир живее во Шпанија од 2024 година со својата сопруга, Шпанката Алехандра Силва.

Гир беше во норвешката престолнина за да ја додели Меѓународната награда „Вацлав Хавел“ за креативна дисидентска активност на Форумот за слобода во Осло на кинескиот уметник Гао Женг, кој е притворен во својата татковина, како и на дисидентот од Мјанмар Саи Саи.

ПредходнаСи-Ен-Ен: Најнасилните напади од прекинот на огнот во Иран
СледнаНовата посета на Кошта е со старата порака – уставните измени мора да се испорачаат