Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди денес мексиканската држава Гереро, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).

Во соопштението се вели дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот бил слабо почувствуван во Мексико Сити, објави Ројтерс.




