Бред Пит и неговата девојка, дизајнерката на накит Инес де Рамон, ја поминаа саботата во Париз, каде што од трибините го гледаа женското финале на Отвореното првенство на Франција. Парот го гледаше историскиот натпревар помеѓу Полјачката Маја Чвалинска и Русинката Мира Андреева на теренот Филип-Шатрие на Ролан Гарос, која победи со 6-3, 6-2 и ја освои својата прва титула на Гренд слем турнирите.
Тие не ја криеја својата нежност на трибините.
Пит, познат како голем љубител на тенисот и чест гостин на големите турнири, со голем интерес го следеше секој поен. Во напнатите моменти од натпреварот, 62-годишниот актер и 33-годишната Инес, кои се во врска од 2022 година, не ја криеја својата нежност. Во еден момент, тој ја стави раката околу нејзиниот струк, а таа му шепна нешто.
Ваквите сцени не се вообичаени кога станува збор за познатиот актер. Иако Пит и Инес неколку пати се појавија заедно во јавноста, тие не разменуваа често нежности пред фотографите.
За таа пригода, Пит избра лежерен изглед со големи очила за сонце, додека Инес изгледаше елегантно во кремаст фустан и зелена кожна јакна. На трибините имаше и други познати лица. Актерката Лора Дерн пристигна со својата ќерка Џеј Харпер, а Ребел Вилсон не го пропушти напнатиот дуел.
И покрај семејните проблеми за кои се известуваше во последните денови, Пит изгледаше расположен во Париз со Инес. Двојката беше видена како се држи за раце, а за време на престојот во француската престолнина, наводно присуствувале на концерт на „Ред хот чили пеперс“ и вечерале заедно.
Деловните и личните моменти на Пит
Пристигнувањето на Пит во Париз следеше кратко по посетата на островот Ман, каде што ја следеше познатата трка со мотоцикли ТТ. Според најавите, снимањето на неговиот нов филм посветен на таа трка треба да започне таму.
Сепак, престојот во Париз се одвива и во сенка на новите семејни тензии. Неодамна беше објавено дека неговиот најстар син Медокс, кого актерот го има со Анџелина Џоли, поднел законска петиција за отстранување на презимето Пит , наведувајќи „лични причини“.
Медокс е последното во низата деца на познатата поранешна двојка кои некако се оддалечија од презимето на својот татко. Минатата година, Шајло исто така легално го стори тоа, додека Захара и Вивиен неофицијално почнаа да го користат само презимето на нивната мајка, Џоли. Пит и Џоли ги имаат и синовите Пакс и Нокс.




