дома Македонија Пред пратениците Предлог-законот за игри на среќа, надвор од Собранието изјава на...

Пред пратениците Предлог-законот за игри на среќа, надвор од Собранието изјава на засегнатите страни

Предлог-законот за игри на среќа којшто предизвика реакции кај спортските обложувалници и приредувачите на игри на среќа денеска е ставен на дневен ред на 104. собраниска седница.

Со него се предвидуваат построги правила за приредувачите на игри на среќа, а едно од нив е и тоа спортските обложувалници и казината да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта.

И додека пратениците внатре во собраниската сала ќе дебатираат за овој закон, пред Собранието е најавена прес-конференција на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС) во врска со поднесените барања до пратениците и институции поврзани со законското решение. 

Против ова законско решение неодамна протестираа и од здружението „Сакам да работам“ од каде посочија дека ако се донесе зкаонот постои опасност за затворање на овој бизнис и биез работа би останале повеќе од 10.000 вработени во овој сектор.

 

ПредходнаСофија и Скопје пред нова рунда разговори на високо ниво, Сиљановска и Јотова седнуваат на тет-а-тет средба
СледнаАвтомобил-бомба експлодираше во близина на Москва, една жртва