Во Софија денеска се очекува да се одржи билатерална средба на највисоко ниво меѓу претседателките Гордана Сиљановска-Давкова и нејзината бугарска колешка Илијана Јотова.
Средбата ќе се одржи на маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Претседателката Сиљановска-Давкова пред средбата во интервју за „360 степени“ изјави дека нема нерешлив проблем и дека очекува на средбата да се разогвара за сите суштински прашања.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека не знае што ќе има на средбата и каква би била еветуалната содржина, но вели ние имаме план и стратегија.
– Знам кој е нашиот план и која е нашата стратегија и ние одиме кон тој план и таа стратегија. Ние чуда никогаш не сме ветувале, затоа што ние не сме чудотворци. И секој кој што ветува чуда – лаже. Не ја говори вистината пред граѓаните, изјави вчера Мицкоски.

Средбата Давкова – Јотова се одржува во спефицичен момент кога пред само една недела во Тиват се одржа Самит ЕУ-Западен Балкан на кој беше презентиран нон-пејперот на Франција и Германија за постепена интеграција.
Со Сиљановска-Давкова во Софија треба да патува и шефот на македонската дипломатија, но засега средба на министерско ниво во Софија не е договорена. Претходно двајцара министри одржаа средба во Шведска и тоа беше прва средба по изборот на новата бугарска влада предводена од Румен Радев.




