Демократска Република Конго денес објави дека, според најновите податоци, во таа земја се потврдени 598 случаи на ебола.

Владата на Конго во соопштение на платформата X соопшти дека се регистрирани 115 смртни случаи поради ебола, дека 22 пациенти се опоравиле од болеста и дека нема нови случаи што се прошириле во повеќе здравствени зони, пренесува Ројтерс.
Една од најголемите епидемии на ебола во светот избувна во три провинции кои долго време беа погодени од вооружени конфликти – Итури, Северен Киву и Јужен Киву.




