дома Македонија Сиљановска-Давкова: Регионална одговорност како гарант за предвидлива и сигурна заедничка иднина

Сиљановска-Давкова: Регионална одговорност како гарант за предвидлива и сигурна заедничка иднина

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Софија порача дека процесот на проширување на Европската Унија мора да се темели на Копенхашките критериуми, а напредокот во спроведувањето на реформите да го диктира темпото на пристапниот процес.

На Самитот Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Сиљановска-Давкова укажа на потребата од дебалканизација преку европеизација.

Според шефицата на македонската држава потребно е оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз коишто пред три децении беше воспоставен овој процес.

Повика на регионална одговорност, како гарант за чекорење кон предвидлива и сигурна заедничка иднина, истакнувајќи дека успехот на секоја држава треба да се доживува како успех на целиот регион, а натпреварот да се води во знаење, иновации, култура и економски развој, наместо во блокади и поделби.

Попладнево, треба да се одржи средбата на високо ниво со нејзината бугарска колешка Јотова.

ПредходнаСилувал малолетно девојче и ја заразил со заразна болест
СледнаНа 18 јуни пресуда за Кецмановиќ чиј син изврши масовно убиство во „Владислав Рибник“