„Звукот на идната генерација“ е концерт што вечерва Македонската филхармонија ќе го одржи со студенти од државните факултети за музика.

Диригент е маестро Сашо Татарчевски, а на програмата се дела од Кусевицки, Девиен, Бете Илин, Шо, П. И. Чајковски, Сен-Санс и Рахмањинов.
Како солисти ќе настапат Итан Георгиев, контрабас (III година, доц. м-р Александар Поп-Христов), Кирил Тасев, флејта (II година, проф. м-р Златка Митева), Христијана Матеска, хармоника (IV година, проф. м-р Зорица Каракутовска), Кристијан Колев, кларинет (III година, доц. м-р Игор Бакревски), Бојана Митковска, виолина (проф. м-р Олег Кондратенко), : Михаил Јагуриноски, пијано (III година, вон. проф. м-р Дино Имери) и Давид Павиќ, пијано (II година, вон. проф. д-р Елена Атанасовска-Ивановска).




