дома Локално Спортската сала Расадник реконструирана, денес официјално се пушта во употреба

Спортската сала Расадник реконструирана, денес официјално се пушта во употреба

Во Кисела Вода денеска ќе биде пуштена во употреба реконструираната спортска сала Расадник.

Реконструкцијата на салата почна во времето кога градоначалник на Кисела Вода беше Орце Ѓорѓиевски, кој сега е актуелен градоначалник на Скопје.

Владата во 2024 година даде амин за реконструкција на оваа култна спортска сала.

Во неа, од следната сезона шамионот Вардар ќе ги игра натпреварите од домашното првенство.

На официјалниот стар на салата ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Скопје и градоначалничката на Кисела Вода.

ПредходнаЕдна година по трагичната несреќа на авионот на Ер Индија, причината за несреќата останува мистерија
Следна„Звукот на идната генерација“ со студенти од државните музички факултети