Најголемото Светско првенство во историјата, на кое ќе учествуваат 48 репрезентации, започна со натпревар помеѓу Мексико и Јужна Африка на величествениот стадион „Ацтека“.
На натпреварот му претходеше свечено отворање, кое беше поделено на четири дела со настапи на бројни латиноамерикански музички ѕвезди, а најголем ентузијазам кај околу 85.000 гледачи предизвика појавувањето на колумбиската поп-ѕвезда Шакира.
Пред почетокот на натпреварот, познатата мексиканска актерка Салма Хајек им се обрати на навивачите, а потоа церемонијата беше заокружена со настап на познатиот италијански тенор Андреа Бочели и американската пејачка од корејско потекло Еџае.
Пред почетокот на натпреварот, во живо беа изведени националните химни на Мексико и Јужна Африка.
Ова ќе биде една од трите церемонии на отворање, а почетокот на натпреварувањето во САД и Канада, преостанатите два домаќини на 23-то Светско првенство, ќе биде одбележан на сличен начин.




