дома Македонија Политика Нови можности за економска соработка: Муцунски во Истанбул на средба со турскиот...

Нови можности за економска соработка: Муцунски во Истанбул на средба со турскиот министер за трговија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Истанбул ќе учествува и ќе се обрати на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, форумот, организиран од владите на двете земји, ќе ги собере претставниците на институциите и бизнис-заедниците од Северна Македонија и Турција, со цел унапредување на економската и трговската соработка, привлекување нови инвестиции и создавање можности за партнерства.

На настанот се очекува учество на голем број компании од двете држави, кои ќе имаат можност да остварат Б2Б и Б2Г средби и да воспостават нови деловни контакти.

Бизнис форумот официјално ќе го отворат министерот Муцунски и турскиот министер за трговија, Омер Болат.

Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари и билатерална средба со Болат, на која ќе се разговара за економските односи меѓу двете земји, можностите за зголемување на трговската размена, привлекување инвестиции и натамошно унапредување на севкупната економска соработка.

Од Министерството оценуваат дека форумот претставува значајна можност за продлабочување на економските врски меѓу Северна Македонија и Турција, како и за воспоставување нови деловни партнерства меѓу компаниите од двете држави.

ПредходнаДесковски: Грешката е во договорот од 2017 , а не во вториот протокол со БУГАРИЈА!
СледнаБизнис форум во Истанбул: Фокус на нови инвестиции и економска соработка