Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Англија, Дејвид Бекам, денес доби ѕвезда на Холивудската патека на славните, а ѕвездата ја открија заедно со Бекам неговата сопруга Викторија и децата Ромео (23), Круз (21) и Харпер (14).
Дејвид Бекам, кој е заслужен за порастот на популарноста на фудбалот во Соединетите Американски Држави, им се придружи на повеќе од 2.800 познати личности кои веќе имаат ѕвезди со нивните имиња по должината на Холивудскиот булевар и улицата Вајн во Лос Анџелес, објавува британскиот Телеграф.

За време на церемонијата на откривање на ѕвездата, актерот Том Круз, исто така, му оддаде почит на Бекам.
Бекам му се заблагодари на своето семејство во својот говор за прифаќање и ја пофали американската кошаркарска легенда Мајкл Џордан, за кого рече дека е инспирација за него.
„Тој е причината зошто го носев бројот 23 и ми покажа дека може да се биде повеќе од само спортист“, рече Бекам.
Дејвид Бекам играше 115 пати за репрезентацијата на Англија во текот на својата кариера, а играше и за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан, Пари Сен Жермен и ЛА Галакси.
Холивудската патека на славните е основана во 1960 година и е една од најпосетуваните атракции во Лос Анџелес.




