дома Бизнис Бугарија тоне, таа е последна во ЕУ по раст на бројот на...

Бугарија тоне, таа е последна во ЕУ по раст на бројот на странски туристи

Бугарија известува за сериозен пад на меѓународниот туристички тек и е рангирана на последно место во Европската Унија по раст на странски туристи за периодот јануари-април. Ова го објави ресорниот министер Илин Димитров за Бугарската национална телевизија.

Според него, во текот на изминатата година имало голем број проблеми во управувањето со секторот, вклучувајќи неефикасно трошење и недостаток на стратешки фокус на клучните пазари.

Министерот Димитров коментираше и за општата состојба на секторот во моментов. „Моментално, нашите одморалишта се подготвени, чисти се, уредни, очекуваат туристи, а нема туристи . И бидејќи мора да работиме со бројки и податоци, пред неколку дена буквално излезе резултатот. Евростат излезе со статистика за тоа каде е Бугарија од периодот јануари – април 2026 година во споредба со јануари – април 2025 година. Ние сме на последното место во ЕУ“, нагласи тој.

 Димитров истакна дека Бугарија  не само што е на последното место, туку дури и со раст од 4,5% во Европската Унија како целина, кај нас има пад од 4,3% . „Ова укажува на голем одлив на резервации и туристи воопшто од Бугарија“, објасни тој.
ПредходнаУтре без струја во три скопски населби и тоа од 8 и 9 часот
СледнаШто содржи меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран?