дома Македонија Артим Ислами или Феузи Џафери – Собранието избира кој ќе биде член...

Артим Ислами или Феузи Џафери – Собранието избира кој ќе биде член на Судскиот совет

Артим Ислами или Феузи Џафери – еден од двајцата денеска треба да биде избран за член на Судскиот совет. За нив, треба да се изјаснат пратениците во рамки на 104. пленарна седница.

Тоа се двајцата кандидати што собраниската Комисија за избори и именувања ги достави до Собранието како предлози за член на Судскиот совет од немнозинските заедници.

Џафери, според јавно објавената биографија, бил шеф на Кабинетот за министерот за образование и наука од 2006 до 2008 година, а Ислами има препораки од колеги адвокати и од кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

Двајцата се избрани меѓу седумтеммина кандидати кои јавно се претставија пред Комисијата за избори и именувања.

На конкурсот за член на Судскиот совет се пријавиле 10 кандидати но седум од нив ги исполниле условите и доставиле комплетна документација.

ПредходнаГолем пожар избувна во трговскиот центар Енјуб во Нов Белград
СледнаБура во Хрватска, делови под црвена временска тревога