дома Локално Без вода повеќе скопски улици

Без вода повеќе скопски улици

  Без вода во текот на денов ќе бидат повеќе улици на скопската територија поради изведување водоводен приклучок на улицата Мите Богоевски без број, кај „Зур маркет“, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Според најавата, прекинато водоснабдување ќе имаат улиците Мите Богоевски, Дванаесетта македонска бригада, Илија Димовски – Гоче, Димитар Македонски, Ван Гог, Архитект Сотир Томовски, Црноризец Храбар, Митре Влаот, Благоја Мучете, Ѓорѓи Андреевиќ Кун, Димитар Благоев и дел од Тодор Чангов.

Предвидено е водоснабдувањето да биде прекинато од 9:30 часот до завршување со работните активности

ПредходнаНасобрани карпошани побараа слобода за Јакимовски: „Монтажната барака ја направи за да заштеди пари“
СледнаЈавна расправа за Предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри