дома ТОП ВЕСТИ Запалени возила пред Бугарската амбасада, Владата со реакција

Запалени возила пред Бугарската амбасада, Владата со реакција

Владата попладнево со реакција по палењето на две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада во Скопје. Бараат брза и ефикасна истрага и кривична одговорност за сторителите.
– Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава. Надлежните институции веќе преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите.

Како Влада сакаме да испратиме јасна порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран.

Државата има капацитет и ќе одговори со целосна сила на институциите и нема да дозволиме поединци да ја нарушуваат репутацијата на Македонија, стои во реакцијата од Владата.
Од Противпожарната единица на Град Скопје за „360 степени“ изјавиле дека пожарот е изгаснат со едно противпожарно возило и со тројца пожарникари. Според информациите оттаму, пожарот брзо бил изгаснат и нема штета на околните објекти.

ПредходнаЕУ обезбедува сајбер поддршка за Украина против големи напади
СледнаГолема полициска акција на патиштата: Уапсени 17 возачи, меѓу нив и малолетници