Македонската платформа против сиромаштија (МППС) по деветти пат ќе ги додели наградите „Гласот на невидливите“.
Наградата им се доделува на новинари кои известуваат за сиромаштијата и за маргинализираните групи и заедници во општеството.

Во рамки на доделувањето на наградите ќе се одржи панел-дискусија на тема „Медиумите и Сиромаштијата – Гласно против тишината“ која е шанса за вмрежување, запознавање со практиките на колегите новинари од осум европски земји и заеднички крик против социјалната тишина во Македонија и во Европа.




