дома Култура Комедијата „Чудесна терапија“ под отворено небо во центарот на Скопје

Комедијата „Чудесна терапија“ под отворено небо во центарот на Скопје

Претставата „Чудесна терапија“ на Драмски театар денеска ќе биде изведена под отворено небо во центарот на Скопје. Од 21 чассот граѓаните ќе можат да ја гледаат претставата  бесплатно на локацијата на малиот амфитеатар во комплексот на спомен-куќата на Мајка Тереза на улицата „Македонија“.

„Чудесна терапија“ е работена по текст на Даниел Глатауер. Режисер е Димче Николовски, драматург Александра Бошковска, а костимограф Раде Василев.

Улогите ги играат Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Соња Стамболџиоска.

Претставата премиерно беше изведена во мај 2019 година и досега има 55 изведби од кои десетина гостувања на театарските фестивали во Македонија и во земјите од регионот.

ПредходнаЈавна расправа за законите за судска служба и јавнообвинителска служба
Следна„Гласот на невидливите“ за новинарите кои известуваат за сиромаштија и за маргинализирани групи