дома Македонија Јавна расправа за законите за судска служба и јавнообвинителска служба

Јавна расправа за законите за судска служба и јавнообвинителска служба

Јавна расправа за законите за судска служба и за јавнообвинителска служба ќе се одржи денеска во Собранието.

Јавната расправа ќе почне во 10 часот во рамки на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Со Предлог-законот за судска служба се уредува посебниот статус на вработените во судската служба и тоа посебните државни службеници-судски службеници, државните службеници, судската полиција и помошно техничкиот персонал, а со Предлог-закоот за јавнообвинителска служба се уредува посебниот статус на вработените во јавнообвинителската служба, државните службеници и помошно техничкиот персонал-лицата вработени во јавните обвинителства за техничка поддршка и други помошно-организациски работи.

ПредходнаБез вода улицата „29 Ноември“ во општина Центар
СледнаКомедијата „Чудесна терапија“ под отворено небо во центарот на Скопје