дома Свет Балкан Грција носи итни мерки против гужвите на граница — туристите привремено ќе...

Грција носи итни мерки против гужвите на граница — туристите привремено ќе влегуваат само со пасоши, како порано

Грција ќе отвори нови шалтери и привремено ќе ја суспендира биометриската проверка на граничниот премин „Евзони“ за да ги олесни гужвите, откако новиот систем за влез на Европската Унија предизвика значителни доцнења и долги редици, објави „Катимерини“.

Поради дополнителните проверки, времето за обработка на еден патник е зголемено од околу 20–30 секунди на две до три минути, што доведе до намален проток на возила и туристички автобуси, особено на преминот Евзони.

За да се избегнат екстремни застои, надлежните привремено ја суспендираат примената на биометриската проверка во периоди на најголем метеж, при што премините функционираат само со стандардна пасошка контрола.

Суспензијата е привремена — може да трае неколку часа — и се дозволува во случаи на долги редици од автобуси и од автомобили.

Паралелно се разгледуваат дополнителни оперативни решенија, меѓу кои отворање нови шалтери, оптимизација на постојните ленти и подобро искористување на расположливата инфраструктура на граничните премини. Дел од мерките опфаќаат и привремено пренаменување на постојни објекти со цел зголемување на капацитетот за обработка на патници и на возила.
ПредходнаРафинеријата погодена на само 15 км од Кремљ. Зеленски: Ова е фер одговор
СледнаПрвото издание на „Оркански висови“ е пуштено во продажба во Лондон