дома Македонија Политика Димитровски: Хибридната кампања од портали на македонски поврзани со источниот сосед

Димитровски: Хибридната кампања од портали на македонски поврзани со источниот сосед

 Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски учествуваше на Советот на Европската Унија за општи работи (ГАК), кој се одржа во Луксембург. Состанокот беше посветен на иницијативата „Европски штит за демократија“, а беше организиран од кипарското претседателство со Советот на Европската Унија и Европската комисија – соопшти неговиот кабинет.

Димитровски во Луксембург на ГАК: Хибридната кампања од портали на македонски поврзани со источниот соседНа дискусијата учествуваа министри од земјите кандидатки и потенцијалните кандидатки за членство во Европската Унија, при што беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во рамките на „Европскиот штит за демократија“, како и придобивките од заедничките активности за зајакнување на демократската отпорност.

Во фокусот на разговорите беа прашањата поврзани со заштитата на интегритетот на информацискиот простор, зајакнувањето на демократските институции, слободните и фер избори, независните медиуми, како и зголемувањето на општествената отпорност и граѓанското учество.

Во своето обраќање Димитровски ја поздрави иницијативата за воспоставување на „Европскиот штит за демократија“ и Европскиот центар за демократска отпорност оценувајќи дека тие претставуваат важен чекор во зајакнувањето на демократските институции, заштитата на изборните процеси и справувањето со странското влијание и хибридните закани.

Тој истакна дека манипулациите и странските влијанија во информацискиот простор денес претставуваат една од најсериозните закани за демократската безбедност, со потенцијал да создадат поларизација, да ја нарушат довербата во институциите и да ги поткопаат демократските процеси, особено изборите.

Димитровски посочи дека Република Северна Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ и членка на НАТО е сѐ повеќе изложена на дезинформациски кампањи, киберзакани и координирани операции за влијание поради што државата презема конкретни мерки за јакнење на својата отпорност. Притоа ги истакна сите мерки и напори што ги презема Владата во овој сектор.

– Во изминатиот период се соочуваме со засилени и сериозни дезинформациски и хибридни активности, кои доаѓаат од структури и медиумски платформи поврзани со нашиот источен сосед и имаат цел да ја поткопаат довербата во институциите, да го поткопаат нашиот идентитет и да создадат поделби во општеството – нагласи Димитровски. Во овој контекст посочи дека остануваме цврсто посветени на добрососедските односи, меѓусебното почитување и конструктивниот дијалог, во духот на европските вредности и нашата заедничка европска иднина.

Тој ја потврди подготвеноста на нашата земја активно да придонесува во заедничките европски напори за спречување странско мешање и хибридни закани во согласност со демократските вредности, човековите права, слободата на изразување и владеењето на правото.

ПредходнаСрбија ги исполнува новите барања на ЕУ во областа на употребата на антимикробни средства
СледнаСпречен увоз на 23,6 тони змрзнато пилешко од Бразил