дома Македонија Пет лица се сомничат дека формирале терористичка организација по примерот на ИСИС

Пет лица се сомничат дека формирале терористичка организација по примерот на ИСИС

Кривична пријава е поднесена против пет лица од Скопје кои формирале медиумски канал и преку него повикувале и поттикнувале формирање на терористичка група по примерот на „ИСИС“. Тројца од нив се затвореници во Идризово.
Кривичната пријава е поднесена против Ј.К.(30), Ј.М.(22), М.Т.(23), Р.К.(23) и против Г.М.(34), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „терористичка организација“ по член 394-а став 3 од Кривичниот законик.
По претходно добиени сознанија и информации од меѓународни стратешки партнери, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во координирана акција со Агенцијата за национална безбедност и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, преземени се мерки за утврдување на администраторите и членовите на интернет апликациите кои поттикнувале на создавање на терористичка организација.
Дбиени се сознанија дека Ј.К. кон крајот на 2024 формирал медиумски интернет канал и формирал група во кој членувале останатите пријавени и во текот на 2025 и 2026 година делувале како терористичка организација која јавно повикувала и поттикнувала создавање на терористичка организација врз основа на идеологија на терористичката организација „ИСИС“.
Вчера извршени се претреси на пет локации на подрачјето на Скопје, од кои три во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде што затворски казни издржуваат Ј.К. и Р.К., а мерка притвор издржува Г.Т., како и во домовите на Ј.М. и М.Т. и при претресите пронајдени се повеќе електронски уреди како предмет за докажување на кривично дело.
ПредходнаУставeн ја укина одлуката со која беа преименувани плоштадот и повеќе улици во Тетово
СледнаДел од фасада падна од станбена зграда во Козле