дома Локално Уставeн ја укина одлуката со која беа преименувани плоштадот и повеќе улици...

Уставeн ја укина одлуката со која беа преименувани плоштадот и повеќе улици во Тетово

Уставните судии денеска  ја укинаа одлуката од 2007 година со која во Тетово се изврши преименување на повеќе улици и на градскиот плоштад. Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Судот пред неколку месеци поведе постапка со образложение дека тогашниот Совет на Општината не добил согласност од Владата иако тоа го предвидува законот за определување улици, плоштади и други инфраструктурни проекти.

Како резултат на тогашната одлука на советниците, плоштадот во Тетово од Маршал Тито беше преименуван во „Илирија“, а беа сменети и улиците „Радован Цониќ“, „Иво Рибар Лола“, „29 Ноември“…

Иницијативата пред Уставниот суд ја поведе Сојузот на борците на НОБ и граѓани продолжувачи од Тетово.

 

 

Предходна🎬Бостонските пабови се празни – Шкотланѓаните го испиле целото пиво!