дома Свет Русија: Забрана за влез за 103 Канаѓани кои работат на дискредитација на...

Русија: Забрана за влез за 103 Канаѓани кои работат на дискредитација на Русија

  Како одговор на канадските санкции против Русија, официјална Москва одлучи да забрани влез во Русија за Канаѓани чии активности се насочени кон дискредитација на Русија, објави денес руското Министерство за надворешни работи.


„Како одговор на сеопфатните антируски санкции воведени од кабинетот на Марк Карни, кои безгрижно го продолжуваат антирускиот курс на режимот на Џастин Трудо во обезбедувањето морална, финансиска и воено-техничка поддршка на неонацистичките власти во Киев, влезот во Руската Федерација е трајно забранет за 103 канадски граѓани чии активности, првенствено во канадскиот парламент, се насочени кон поткопување на уставниот поредок и нелегално конфискување на руски имот“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, пренесе РИА Новости.
Во соопштението се нагласува дека практиката на проширување на црната листа за Канаѓани и други граѓани на западните земји кои се директно вклучени во антируски активности ќе продолжи.
„Русија традиционално го почитува народот на Канада, но не го прифаќа непријателскиот пристап на сегашната политичка елита која ги негира правата и интересите на Русија и безмилосно, методично и целосно ги уништува билатералните односи со нашата земја“, се нагласува во соопштението.

Канадскиот премиер Марк Карни најави нови санкции против „руската флота во сенка“, руските приходи од трговијата со енергија, одбранбено-индустрискиот сектор и субјектите поврзани со ширењето дезинформации, соопшти денес прес-службата на канадската влада, објави Ројтерс претходно денес.

Канада ги додаде берзите во Москва и Санкт Петербург и околу 30 други организации на списокот на санкции.
Покрај тоа, санкциите беа проширени на 121 товарен брод и седум лица, вклучувајќи го политикологот Алексеј Чадаев и командантот на руските сили за беспилотни системи, Јуриј Ваганов.

ПредходнаТрамп се потсмеваше на жена која го тепаше Макрон. Сега се сретна со неа, погледнете го видеото
СледнаПопладне дожд и ветер, од утре повторна стабилизација на времето