дома Uncategorized Делови од Сопиште и Карпош денеска без струја

Делови од Сопиште и Карпош денеска без струја

 

Од Центарот за управување со кризи информираат дека, според известување од ЕВН Македонија, денеска ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од општините Сопиште и Карпош.

Без струја во периодот од 09:00 до 12:00 часот ќе остане дел од корисниците во селото Варвара, во општина Сопиште.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците на улицата „4“ во населбата Бардовци, во општина Карпош.

Од ЕВН посочуваат дека станува збор за планирани прекини поради изведување технички активности на електродистрибутивната мрежа. објави Скопје1.мк

ПредходнаРеконструкција или и предвремени избори
СледнаКриминалот и Европа. Статистиката покажува нов тренд