дома Магазин Концерт „Lullaby for Lunatics“ на Андреа Мирческа вечерва во Јавна соба

Концерт „Lullaby for Lunatics“ на Андреа Мирческа вечерва во Јавна соба

Концерт „Lullaby for Lunatics“ на Андреа Мирческа вечерва во Јавна соба

  Концертот „Lullaby for Lunatics“, првиот самостоен проект со авторска музика на контрабасистката, композиторка и мултиинструменталистка Андреа Мирческа ќе се одржи вечерва во 20 часот во Јавна соба.

Станува збор за музичко патување инспирирано од богатите бразилски звуци од периодот на Тропикалија, движење кое во шеесеттите години ги спои традицијата, психоделијата, авангардата и експериментот во еден препознатлив и слободоумен музички израз.

Во „Lullaby for Lunatics“, Мирчевска го поставува контрабасот во центарот на звучната приказна, создавајќи композиции што се движат помеѓу џезот, импровизацијата, современата музика и експерименталните форми. Публиката ќе има можност да доживее концерт во кој инструментите комуницираат меѓусебно, и создаваат атмосфери, пејзажи и емоционални светови во кои ноќта дише во сопствен ритам, се вели во најавата.

На сцената ќе настапи Андреа Мирческа квинтет во состав: Андреа Мирческа – контрабас, клавијатури, вокал, Драган Теодосиев – тапани, Филип Букршлиев – гитара, Благојче Томевски – кларинет и бас кларинет и Нинослав Спировски – тенор и сопран саксофон.

Концертот претставува можност за средба со нов авторски глас на домашната музичка сцена и со музичари кои преку колективна импровизација и современ израз ги поместуваат границите на жанровите. Визуелниот идентитет на проектот е дело на Љубен Трајаноски.

ПредходнаКолку ги чинеше граѓаните прославата на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ
Следна„Поетско ехо на Сопиште“ повторно ги обединува љубителите на поезијата и традицијата