дома Македонија Колку ги чинеше граѓаните прославата на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ

Колку ги чинеше граѓаните прославата на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ

Опозициската СДСМ денеска со прашање до власта – колку ги чинеше граѓаните прославата во Струмица.

– Превоз со автобуси, списоци од вработени по јавна администрација од цела Македонија, дневници? Колку ги чинеше тоа граѓаните? Како да го донеле Дејвид Гета? Додека народот се мачи да врзе крај со крај, додека цените незапирливо растат а сиромаштијата се зголемува, додека економијата тоне ВМРО со народни пари и партиската војска во јавна администрација ја слави безидејноста на своето владеење и изолацијата од ЕУ, велат од СДСМ.

Оттаму обвинуваат дека нема пари за повисоки плати, за субвенции за земјоделците, и за 600 евра минимална плата, за поддршка на младите, но има за тендерите и луксузот на владејачката ВМРО.

ПредходнаЕвропските индекси малку пораснаа, цените на нафтата се намалија – WTI се продава за околу 75 долари
СледнаКонцерт „Lullaby for Lunatics“ на Андреа Мирческа вечерва во Јавна соба