Двајца преживеани и двајца загинати е билансот од хеликоптерската несреќа што денеска се случи во западниот дел на Атика во Грција. Грчките медиуми јавуваат дека две лица се пронајдени живи и пренесени во болница, а двајца биле без знаци на живот.
Според грчките медиуми, екипажите биле составени од двајца грчки и двајца странски државјани.
Хеликоптерите се судрија во воздух при интервенција за гаснење на шумски пожар. Двата хеликоптери полетале од аеродромот Елефсина во близина на Атина.
Надлежните органи ги истражуваат причините и околностите под кои се случила несреќата.
дома Свет Балкан Официјално – двајца загинати и двајца преживеани во хеликоптерската несреќа во Грција




