Турските царински власти запленија 4,3 тони дрога скриена во камион што влегувал во Турција од Грција, соопшти денес турското Министерство за трговија.
Министерството во соопштението наведува дека камионот, кој пристигнал во царинската зона Ипсала од Грција за да влезе во Турција, бил однесен во хангар за детален претрес од страна на тимови на Дирекцијата за царинска контрола, шверц и разузнавање по завршувањето на процедурите за влез.

За време на претресот, властите ја откриле и заплениле нелегалната пратка, која ќе биде уништена во согласност со законските процедури, објави Анадолу.
„Операциите спроведени во рамките на борбата против трговијата со дрога се од големо значење во однос на заштитата на јавното здравје, држењето на нашите млади подалеку од заканата од зависност, исцрпувањето на финансиските ресурси на криминалните организации и одржувањето на јавниот ред“, се вели во соопштението на министерството.
Канцеларијата на главниот јавен обвинител на Ипсала започна истрага за случајот.




