дома Локално Парада на гордоста попладне во Скопје

Парада на гордоста попладне во Скопје

Во Скопје попладне ќе се одржи Парада на гордоста која ќе почне од Фонтана во Градски парк.

– Парадата на гордоста претставува протестен марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот на ЛГБТИК+ луѓето во Северна Македонија. Годинава маршот ќе се одржи во услови на засилени општествени и политички предизвици, со порака за видливост, солидарност и отпор кон дискриминацијата, стои во објавата за протестниот марш.

Учесниците на протестниот марш ќе се движат од фонтана „Лотус“ во Градскиот парк, по булеварот „Илинден“, по улицата „Франклин Рузвелт“, булеварот „Партизански одреди“ се до крстосницата со улицата „Васил Главинов“ каде што ќе свртат десно и потоа по улицата „Димитрие Чуповски“ ќе завршат на крајната точка, паркот „Жена борец“ на улицата „11 Октомври“.

Поради Парадата на гордоста ќе биде воведен посебен режим на сообраќај.

 

ПредходнаДесничарите постојано водат на анкетите
СледнаДобавувачот на автомобилски компоненти „Шефлер“ влегува во производство на дронови