Во среда пред пратениците ќе се најде интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Интерпелацијата ја поднесоа пратениците од Левица поради, според нив, саботирање истраги, селективна правда, непрофесионално работење на полицијата и судир на интереси.
Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски откако претходните интерпелации ги поднесоа Левица и ДУИ.
Во четврток на седница се пратеничките прашања што традиционално се одржуваат секој последен четврток во месецот.
До крајот на месецот, на 26 или 29 јуни, ќе се одржи и уште една седница за закони поврзани со реформската агенда и продолженија на други седници.
Претседателот на Собранието очекува во текот на утрешниот ден да пристигне и Ребалансот на Буџетот по што ќе почнат да течат собраниските рокови за негово донесување.
Пратениците треба да одат на одмор од 1 август, но кога точно ќе одат ќе зависи и од Ребалансот на Буџетот.




